ЗИМСКИТЕ ГУМИ ОДАТ ВО ПРИКОЛКА – Од утре повторно летни гуми

Од утре возачите се ослободуваат од задолжителните зимски гуми и синџири за снег.

ЗИМСКИТЕ ГУМИ ОДАТ ВО ПРИКОЛКА – Од утре повторно летни гуми
Фото: Принтскрин

Четиримесечната обврска за поседување зимска опрема во возилата кои учествуваат во јавен сообраќај на патиштата, која почна на 15 ноември, завршува денеска, според одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Задолжителните зимски гуми со ознаките  „MS“, „M+S“, „M&S“ и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва или летни гуми плус синџири за снег од утре нема да бидат задолжителни во возилата на територијата на Македонија.

Казната за непоседување зимска опрема од 15 ноември до 15 март беше 45 евра во денарска противвредност.

CATEGORIES
Share This