ЗИМСКИ УСЛОВИ НА ПАТИШТАТА – Снег на повисоките места во западна Македонија

Нема подолги задржувања на граничните премини, сообраќајот надвор од градовите е умерен

ЗИМСКИ УСЛОВИ НА ПАТИШТАТА – Снег на повисоките места во западна Македонија
Фото: Национал

Денеска (20.02.) сообраќајот на државните патишта низ земјава се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. На повисоките места, особено во западните делови, има мали остатоци од кашест снег на патот – информираат од Автомото сојузот на Македонија.

Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, во Маврово и на планинскиот премин Стража, додека на преминот Буково врне дожд и снег.

На патниот правец Тетово – Попова Шапка во сила е забрана за сообраќај за автобуси, а за останатите возила задолжителна е употреба на зимска опрема. Од утрово во 08:00 часот се укинати забраните за тешки товарни возила на Стража и на кракот Маврово – Дебар.

Законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без разлика на временските услови, е во сила од 15 ноември 2025 година и ќе трае до 15 март 2026 година.

Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ апелираат на внимателно возење, прилагодена брзина и почитување на сообраќајната сигнализација, особено на делниците низ котлини, речни долини и клисури каде е можна појава на одрони, како Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Патниот правец Охрид – Ресен преку Националниот парк Галичица ќе биде затворен за сообраќај за сите видови возила во периодот од 21 ноември 2025 до 31 март 2026 година, согласно сезонскиот режим на сообраќај.

CATEGORIES
Share This