ЗИМСКИ УСЛОВИ НА ПАТИШТАТА – Магла до 150 метри на правецот Катланово–Велес
Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, без подолги чекања на граничните премини.

Денеска (09.01.) сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози – информираат од Автомото сојузот на Македонија. Намалена видливост поради појава на магла до 150м. има на патниот правец Катланово – Велес.
Од АМСМ потсетуваат дека од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Сезонски режим на сообраѓајот важи на патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица од 21.11.2025 до 31.03.2026 година се затвора за сообраќај за сите видови возила.


