ЗИМСКИ УСЛОВИ НА ПАТИШТАТА – Каде важат забраните за тешки возила

ЗИМСКИ УСЛОВИ НА ПАТИШТАТА – Каде важат забраните за тешки возила

Денеска (21.01.) сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато и со остатоци од снег по коловозите – информираат од Автомото сојузот на Македонија..

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Сезонски режим на сообраќајот важи на патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица каде од 21.11.2025 до 31.03.2026 година се затвора за сообраќај за сите видови возила.

Од АМСМ потсетуваат дека од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.

АМСМ информира дека во 08:25 часот, укината е забраната за сообраќај на ТМВ на планинскиот преминЃаватона патниот правец Битола-Ресен а во 09.50 час.укината е забраната за сообраќај на ТМВ и на планинскиот превој Плетвар на патниот правец Битола-Прилеп.

Од 09:30ч. сообраќајот на наплатната станица Отовица, односно патниот правец Велес-Скопје е нормализиран.

Засега забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на планинските премини:Стража, Демир Капија- Смоквица, Пресека, Маврово-Дебар-Струга и ГП Ќафасан – информираат од АМСМ.

CATEGORIES
Share This