ЗИМСКИ ОЛИМПИСКИ ИГРИ – Јана Атанасовска не ја заврши првата трка во велеслалом
Заостанување од 2,97 секунди ја натера да се откаже а следниот настап на македонската скијачка е слаломот на 18 февруари

Фото: Принтскрин
Македонската скијачка Јана Атанасовска не успеа да ја заврши првата трка во велеслалом на зимските олимписки игри. На патеката, таа помина околу триесетина секунди пред да се откаже и да не се квалификува за втората трка.
Во првото мерење, Атанасовска заостануваше 1,45 секунди зад водечката натпреварувачка, додека на втората контролна станица негативата порасна на 2,97 секунди, по што таа се повлече од трката.
Следниот настап на македонската скијачка ќе биде слаломот, кој е закажан за 18 февруари.
CATEGORIES Останати спортови


