ЖИВОТОТ СЕ ПОСКАП – Четиричлено семејство не може без 66 илјади денари

Минималните месечни трошоци во јануари пораснале за 921 денар, покажуваат податоците на ССМ

ЖИВОТОТ СЕ ПОСКАП – Четиричлено семејство не може без 66 илјади денари
Фото: Архива

Минималните месечни трошоци на едно четиричлено семејство во јануари изнесувале 66.413 денари, што претставува зголемување од 921 денар во споредба со декември, покажуваат најновите податоци на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ). Доколку семејството живее во изнајмен стан со површина од 60 квадратни метри, вкупните минимални трошоци достигнуваат 81.788 денари.

Најголем дел од месечниот буџет, односно 24.211 денари, се однесуваат на храна и пијалоци, додека за покривање на основните режиски трошоци биле потребни 6.338 денари.

Поради континуираниот раст на трошоците за живот, ССМ бара зголемување на минималната плата на 600 евра, како и пораст на сите останати плати. Од синдикатот најавуваат протести во наредниот период доколку нивните барања не бидат прифатени.

CATEGORIES
TAGS
Share This