ЖИЕВАТ ЗАЕДНО – Александар откри дека е 16 години помлад од Чеда
Блискиот пријател на Чеда Јовановиќ преку Инстаграм ја откри разликата во години што ја изненади јавноста

Јавноста со голем интерес ја следи блискоста меѓу Чеда Јовановиќ и неговиот пријател Александар Аца Кос, со кого живее во ист стан. Иако се речиси неразделни и многу активни на социјалните мрежи, малкумина знаеја колкава е разликата во нивните години.
Аца Кос, кој стана познат откако започна јавно да се дружи со Јовановиќ, сè почесто добива прашања од следбениците на Инстаграм за својот приватен живот. На едно од нив – кога е роден и како изгледал порано тој одговори со фотографија од породилиште, откривајќи дека е роден во 1987 година.
Тоа значи дека Кос е 16 години помлад од Чеда Јовановиќ, кој е роден во 1971 година – факт што изненади дел од јавноста, со оглед на нивната блискост и заедничкиот живот.
Неодамна, Кос и јавно потврди дека живеат заедно, споделувајќи емотивна порака посветена на Јовановиќ. Во неа, тој го опиша неговиот живот како постојана и неправедна борба исполнета со повреди, операции и тешки животни предизвици, кои, според него, само го направиле посилен.
Во пораката, Кос нагласи дека Чеда е воден од силно чувство за правда, длабока поврзаност со семејството и пријателите и искуства што ги обликувале не само неговиот живот, туку и судбината на многумина околу него.
Чеда пак своевремено на прашањето колку е различен животот со маж и жена одговори:
„Не ги очекувам моите потреби што Јелена ги исполни од Александар. Нашата куќа е секогаш полна со деца. Многу го туркав неговиот живот, го превртев наопаку, тој е човек кој повеќе не може нормално да шета низ градот. Ја остави професионалната кариера зад себе. Дојде во Белград и остави сè кога јас бев неподвижeн, призна Чеда.
Инаку, веќе подолго време медиумите во Србија пишуваат за геј љубовната врска на домашниот политичар, Чедо Јовановиќ, откако по 25 години се разведе од сопругата Јелена со која има 4 деца. Чеда Јовановиќ и Александар Кос се секаде во друштво и живеат заедно. Медиумите во Србија шпекулираат дека дури и тајно се венчале во Црна Гора


