ЖЕСТОКА РАСПРАВА ЗА РЕБАЛАНСОТ НА БУЏЕТОТ – Амандманите на опозицијата одбиени

Расправата продолжува со разгледување на преостанатите амандмани, при што се очекува понатамошна политичка дебата за распределбата на буџетските средства.

ЖЕСТОКА РАСПРАВА ЗА РЕБАЛАНСОТ НА БУЏЕТОТ – Амандманите на опозицијата одбиени
Фото: Национал

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ја продолжува амандманската расправа по предлогот за ребаланс на Буџетот.

На претходната седница во петокот беа разгледани вкупно 31 амандман. Од нив, беше прифатен само еден амандман, поднесен од пратеници од владејачкото мнозинство. Сите останати, вклучително и амандманите предложени од страна на опозициските пратеници, беа одбиени.

Расправата продолжува со разгледување на преостанатите амандмани, при што се очекува понатамошна политичка дебата за распределбата на буџетските средства.

CATEGORIES
Share This