ЖЕСТОК НАПАД НА ДОДИК Опозицијата им служи на амбасадорите и на муслиманската Босна

Претседателот на Република Српска порача дека нема потреба од предвремени избори, дека Русија останува стратешки партнер, а иднината ја гледа во зајакнување на врските со Србија и во нови односи со администрацијата на Трамп.

ЖЕСТОК НАПАД НА ДОДИК Опозицијата им служи на амбасадорите и на муслиманската Босна
Фото: Принтскрин

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека опозицијата во Српска е потчинета на британските и европските амбасадори и на, како што рече, муслиманските структури кои се залагаат за унитарна Босна и Херцеговина. Според него, токму тоа е причината зошто тие постојано ја напаѓаат власта и одлуките на Народното собрание.

„Постојат два непомирливи концепта – концептот на Босна и Херцеговина и концептот на Република Српска. Јас се залагам за српската идеја, а опозицијата е во функција на босанската идеја. Тие никогаш не нападнале ништо на државно ниво, туку само нас“, истакна Додик.

Тој додаде дека последните одлуки на власта ја зајакнале позицијата на Српска, „заобиколувајќи го Сараево“, и нагласи дека е благодарен на новата американска администрација за тоа што ја прифатила Српска како соговорник.

Во врска со најавите за предвремени избори за претседател, Додик вели дека не гледа причина за нивно одржување бидејќи никој во Република Српска не ги бара.

„Народот не ги бара изборите. Ова е сценарио на муслиманите, а опозицијата го поддржува. Целата нивна политика е насочена кон тоа да ме стават во затвор.“

Тој порача дека Народното собрание со последните одлуки создало нова платформа за преговори, при што Русија останува „стратешки партнер“, а нови односи се градат и со администрацијата на Доналд Трамп.

„Ја сакаме Србија – тоа е нашата татковина. Српската земја се Србија и Република Српска. Наша обврска е да го зајакнеме тоа единство“, нагласи Додик.

CATEGORIES
TAGS
Share This