ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЕНЗИИТЕ, Мицкоски најави линеарно зголемување од 2.000 денари
Владата, според Мицкоски, е блиску до финализирање на одлуката која ќе ги засегне сите пензионери на еднаква основа.

Премиерот Христијан Мицкоски во гостување на телевизија Канал 5, во емисијата „Само Интервју“, најави дека Владата работи на план за линеарно зголемување на пензиите. Според него, се прават сериозни анализи за зголемување од 1.000 денари во октомври и уште 1.000 денари во април, што значи дополнителни 2.000 денари за сите пензионери во наредните шест месеци.
„Сериозно сме ангажирани во таа анализа. Правиме проценка на волуменот на парична маса и колку би изнесувало тоа процентуално зголемување,“ изјави Мицкоски.
Тој додаде дека ваквата одлука би била донесена пред распишувањето на изборите, преку закон со скратена постапка или преку група пратеници. Како што рече, пензионерите постојано го бараат ова зголемување при средбите со него.
Владата, според Мицкоски, е блиску до финализирање на одлуката која ќе ги засегне сите пензионери на еднаква основа.


