ЗГОЛЕМЕН СООБРАЌАЈ НА ПАТИШТАТА – Се препорачува претпазливо возење

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ЗГОЛЕМЕН СООБРАЌАЈ НА ПАТИШТАТА – Се препорачува претпазливо возење
Фото: Национал

Денеска (17.07.) сообраќајот на државните патишта се одвивa непречено, по суви коловози – информираат од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

CATEGORIES
Share This