ЗГОЛЕМЕН СООБРАЌАЈ, без поголеми застои на граничните премини
Поради летните одмори интензитетот на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по влажни коловози, со зголемен интензитет поради летните одмори, информира АМСМ. На граничните премини нема подолги задржувања.
Возачите се повикуваат на внимателно управување и почитување на сообраќајната сигнализација, особено на делниците каде има опасност од одрони (Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово, Кочани – Делчево).
Патот Градско – Прилеп е целосно отворен. Поради работи на делницата Градско – Дреново (Коридор 10д), до 16 септември 2025 ќе има изменет режим на сообраќај, кој ќе биде регулиран со сигнализација.
CATEGORIES Македонија


