ЗЕМЈОТРЕС ПОЧУВСТВУВАН ВО СКОПЈЕ Епицентарот во близина на Гнилане

ЗЕМЈОТРЕС ПОЧУВСТВУВАН ВО СКОПЈЕ Епицентарот во близина на Гнилане

Земјотрес со плиток епицентар утрово беше почувствуван во Скопје и околината, предизвикувајќи кратко, но забележливо тресење, информираат сеизмолошките служби.

Според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ), потресот е регистриран на длабочина од околу пет километри, со епицентар на приближно 12 километри од косовскиот град Гнилане, во пограничниот регион меѓу Косово, Србија и Северна Македонија.

Од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопштија дека земјотресот во главниот град бил почувствуван со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала.

Граѓани од Скопје и околните населени места на социјалните мрежи споделија дека потресот ги разбудил од сон, опишувајќи го како краток, но доволно силен за да предизвика вознемиреност.

Засега нема информации за причинета материјална штета или повредени лица.

CATEGORIES
Share This