ЗЕЛЕНСКИ СО ПОРАКА ВО ПРЕСРЕТ НА СРЕДБАТА ТРАМП – ПУТИН „Нема да ја дадеме нашата земја на окупатори“

ЗЕЛЕНСКИ СО ПОРАКА ВО ПРЕСРЕТ НА СРЕДБАТА ТРАМП – ПУТИН „Нема да ја дадеме нашата земја на окупатори“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски остро реагираше на најавената средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин, закажана за 15 август во Аљаска.

„Украина нема да ја предаде својата земја на окупаторите“, порача Зеленски преку апликацијата Телеграм, нагласувајќи дека секое решение донесено без учество на Киев ќе биде „решение против мирот“.

Изјавата следува откако Трамп најави дека на средбата ќе се разговара за војната во Украина, притоа сигнализирајќи можност Киев да отстапи дел од својата територија во рамки на мировен договор. „Ќе има одредена размена на територии“, рече тој пред новинарите.

Според „Си-Би-Ес Њуз“, Белата куќа се обидува да ги убеди европските лидери да прифатат план со кој Украина би се откажала од значајни региони, меѓу кои Донбас, Херсон и Запорожје.

Зеленски и во минатото јасно истакна дека нема да прифати никакви територијални отстапки како предуслов за мир.

CATEGORIES
Share This