ЗЕЛЕНСКИ ОСТРО – Ќе го уништуваме рускиот енергетски сектор, тој е легитимна цел на Украина

Претседателот на Украина истакнува дека приходите од енергија финансираат руската воена машинерија и оти Украина има право да ги таргетира тие извори.

ЗЕЛЕНСКИ ОСТРО – Ќе го уништуваме рускиот енергетски сектор, тој е легитимна цел на Украина
Фото: Принтскрин

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека енергетската инфраструктура на Русија претставува легитимна цел за украинските напади, бидејќи токму енергетскиот сектор е еден од главните извори на приходи за финансирање на руското производство на оружје.

„Не мора да бираме помеѓу таргетирање воени цели или енергетски објекти. Тој ја продава таа енергија, продава нафта. Па дали тоа е енергија или воена цел? Искрено, тоа е исто“, напиша Зеленски на социјалната мрежа X, алудирајќи на рускиот претседател Владимир Путин.

Зеленски нагласи дека Украина има две можности или директно да произведува оружје и да ги напаѓа руските воени цели, или да ги таргетира изворите од кои се финансира руската воена машинерија. Според него, токму енергетскиот сектор е клучниот извор на тие средства и затоа претставува легитимна цел.

CATEGORIES
TAGS
Share This