ЗЕЛЕНСКИ ЈА ДОБИВА БИТКАТА ВО ВОЗДУХОТ Украина ќе добие 150 шведски „ГРИПЕНИ“
Зеленски најави историски чекор во модернизацијата на украинските воздухопловни сили – договор со Шведска за најсовремените борбени авиони „Грипен Е“. Производството веќе започна, а дел од трошоците ќе се покријат од замрзнати руски фондови.

Украина влегува во нова ера на својата авијација! Претседателот Володимир Зеленски денеска објави историски договор со Шведска за набавка на до 150 најсовремени борбени авиони „Грипен“, од кои првите ќе пристигнат веќе во 2026 година.
„Ова е историски чекор и голема победа за нашите воздухопловни сили. Украина конечно ќе има модерна флота што може целосно да го заштити нашето небо“, порача Зеленски во објава на Телеграм.
Шведскиот премиер Улф Кристерсон потврди дека производството на авионите е во тек, а договорот ќе се реализира во рок од 10 до 15 години. Министерот за одбрана Пол Јонсон изјави дека дел од трошоците ќе се покријат од замрзнати руски средства.
Украинската армија ќе ги добие најновите „Грипен Е“ авион со врвни сензори, радар и оружје дизајнирано за воздушна супериорност. Производителот Saab го нарекува „авион создаден за иднината“.
Портпаролот на украинските воздухопловни сили, Јуриј Игнат, предупреди дека процесот ќе биде бавен и сложен, бидејќи станува збор за долгорочна воена соработка.
„Потребни се меѓувладини договори, обука и инфраструктура – не станува збор за купување преку интернет“, изјави Игнат со доза на иронија.
И покрај предизвиците, Киев гледа на договорот како на клучен чекор во модернизацијата на своите воздухопловни сили, кои моментално користат Ф-16, Мираж 2000 и шведски Сааб 340.
Зеленски ја нарече соработката со Шведска „историска и стратегиски важна“, додавајќи:
„Работиме на целосна реализација. Ви благодариме, Шведска!“


