ЗЕЛЕНО СВЕТЛО ЗА СКИЈАЧИТЕ – Стартува скијачката сезона на Попова Шапка
По обилните снежни врнежи, подготвени се сите патеки и лифтови

Фото: Национал
Денеска (11.01) официјално започна скијачката сезона на Попова Шапка. Благодарение на обилните снежни врнежи изминативе денови, создадена е доволна снежна покривка за целосна подготовка на скијачките патеки.
„Официјално ја отвораме зимската сезона 2026. Ски-лифтовите ќе работат секој ден од 08:45 до 15:00 часот. Сите кои сè уште немаат обезбедено сезонски билети, ќе можат да ги купат директно на билетарата на Попова Шапка“, изјави техничкиот директор на центарот, Станислав Бојчески.
На располагање на скијачите ќе бидат сите четири ски-лифтови – Поток 1, Поток 2, Аеродром и ГЕ, како и жичарниците „Свети Илија“, „Церипашина“ и новата модерна шестоседна жичница.
CATEGORIES Македонија
TAGS Топ вест


