ЗДРУЖЕНИЕТО БИЛКА – Легализација на канабисот за пациенти и индустрија

Здружението „Билка“ апелира за Lex Canabis за медицински и рекреативен канабис

ЗДРУЖЕНИЕТО БИЛКА – Легализација на канабисот за пациенти и индустрија
Фото: Принтскрин

По заплените на големи количини марихуана во Србија и Македонија, како и по барањата на дел од политичките партии за затворање на фабриките за канабис, Здружението за канабис и зелени политики „Билка“ повторно бара легализација.

„Билка“ укажува дека постоечките законски решенија ги фаворизираат бизнис интересите, а не пациентите, за кои првично беа наменети. Тие веќе предложиле законски измени кои би овозможиле квалитетни медицински производи, декриминализација на рекреативните корисници и дестигматизација на канабисот.

Според здружението, барањата на некои партии да се забрани одгледувањето медицински канабис се неосновани, бидејќи злоупотребите произлегле од недостаток на надзор од Министерствата за здравство, земјоделие и внатрешни работи, а не од самото одгледување.

„Апелираме до сите парламентарни партии итно да работат на Lex Canabis како Lex specialis, за пациентите да не зависат од црниот пазар, рекреативните корисници да не се криминализираат, индустрискиот коноп да се врати на македонското поднебје и, заедно со тоа, буџетот да се полни“, се наведува во соопштението.

CATEGORIES
Share This