ЗДРАВКО ЧОЛИЌ ПО БОМБАШКИОТ НАПАД – Престој на планина за опоравување

Познатиот пејач Здравко Чолиќ моментално престојува на Златибор, обидувајќи се да се опорави од стресот што тој и неговото семејство го доживеале по нападот на нивниот дом на Дедиње.

ЗДРАВКО ЧОЛИЌ ПО БОМБАШКИОТ НАПАД – Престој на планина за опоравување
Фото: Принтскрин

Познатиот пејач Здравко Чолиќ моментално престојува на Златибор, обидувајќи се да се опорави од стресот што тој и неговото семејство го доживеале по бомбашкиот напад на нивниот дом на Дедиње.

Чолиќ пристигнал на планината директно од Загреб, каде што го затекнала веста за инцидентот. Во овој тежок период, со него се неговото семејство и блиски пријатели, со кои се обидува да најде мир и да се оддалечи од јавноста.

Иако осомничените за нападот се веќе приведени, Чолиќ решил да ја подигне безбедноста на највисоко ниво. Тој ангажирал приватно обезбедување кое дежура пред неговата вила 24 часа на ден. Според извори блиски до пејачот, Чола не сака ништо да препушти на случајност, па додека тој престојува на продолжен викенд на планина, неговиот дом е под постојан надзор.

За потсетување, поради бомбашкиот напад беа уапсени М.А., С.М. и П.С., на кои им е определен притвор од 30 дена. Според истрагата, С.М. и П.С. се сомничат како директни извршители, додека М.А. наводно бил задолжен за набавка на експлозивните направи. Истрагата покажува дека истиот осомничен обезбедувал експлозив и за нападот што се случи на 20 ноември 2025 година во населбата Палилула.

Случајот и натаму е во фокусот на јавноста, а истрагата продолжува.

CATEGORIES
Share This