ЗАВРШУВААТ АПРИЛСКИТЕ ПРАЗНИЦИ – Следуваат нови во мај со три продолжени викенди

Ден на трудот и Св. Кирил и Методиј со дополнителни слободни денови.

ЗАВРШУВААТ АПРИЛСКИТЕ ПРАЗНИЦИ – Следуваат нови во мај со три продолжени викенди
Фото: Принтскрин

Во пресрет на големиот христијански празник Велигден, македонските граѓани ќе уживаат четири слободни дена, наменети за одмор и време со семејството.

За православните верници, неработен ден ќе биде 10 април – Велики Петок, додека 13 април (понеделник), вториот ден од Велигден, ќе биде неработен за сите граѓани.

Со одбележувањето на Велигден завршуваат априлските празници, но веќе во мај следуваат уште неколку продолжени викенди. Граѓаните ќе имаат два дополнителни неработни викенди, како и еден за православните верници, а празници ги очекуваат и граѓаните од муслиманска вероисповед.

Неработни денови во мај се 1 мај (петок) Ден на трудот, 25 мај (понеделник) Св. Кирил и Методиј (бидејќи 24 мај паѓа во недела) и 29 мај (петок) Духовден (петок пред празникот, неработен за православните верници)

Граѓаните од муслиманска вероисповед ќе го одбележат и Курбан Бајрам на 27 мај (среда), кој е неработен ден за нив.

CATEGORIES
Share This