ЗАВРШНИ ЗБОРОВИ ВО СУДЕЊЕТО ЗА УБИСТВАТА НА ВАЊА И ПАНЧЕ Обвинителството бара доживотен затвор
Судењето се очекува наскоро да заврши, а пресудата да биде соопштена на следното рочиште.

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска се одржува клучно рочиште за монструозното убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски. Случајот, кој ја потресе јавноста, влегува во завршна фаза со излагање на завршните зборови од страна на одбраната и обвинетите.
Обвинителството побара доживотна казна затвор за Јовица Страшевски, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев, кои се обвинети за киднапирање и двојно убиство. За таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, кој е обвинет за помагање при киднапирањето, се бара соодветна затворска казна.
Одбраната тврди дека дел од обвинетите немале намера или договор за извршување на убиствата и побара ослободување или преквалификација на делото само во киднапирање. За таткото на Вања, адвокатите нагласија дека тој е жртва, а не соучесник, и дека нема докази што го поврзуваат со злосторството.
Судењето се очекува наскоро да заврши, а пресудата да биде соопштена на следното рочиште.


