ЗАВРШИ СТУДЕНТСКИОТ ПРОТЕСТ ВО СРБИЈА Протестот пукна – помал од очекувањата, опозицијата разочарана од само 36.000 учесници на протестот

Опозициските функционери изразија разочарување од послабата масовност на протестот, нарекувајќи го неуспешен.

ЗАВРШИ СТУДЕНТСКИОТ ПРОТЕСТ ВО СРБИЈА Протестот пукна – помал од очекувањата, опозицијата разочарана од само 36.000 учесници на протестот
Фото: Принтскрин

Протестот организиран од студентското движење заврши вечерва на плоштадот Славија во Белград. По завршувањето, од бината беше упатен повик до сите присутни протестот да се прошири низ цела Србија, со порака дека „власта е нелегитимна и мора да биде соборена“.

Студентите ја обвинуваат владата за трагедијата во ноември минатата година, кога при пад на настрешница на реновираната железничка станица во Нови Сад загинаа 16 лица., посочувајќи корупција и недобро завршени градежни работи.

Студентите поставија две барања и најавија дека вечерва во 21 часот истекува рокот за исполнување на двете главни барања: Владата да поднесе предлог за распуштање на Народното собрание и распишување вонредни парламентарни избори и министерството за внатрешни работи да го укине пријавениот собир во паркот „Пионирски“ и на Трг Николе Пашиќа, во согласност со Законот за јавни собири. Доколку не се исполнат барањата, студентите најавуваат дека ќе продолжат со протестите.

Наспроти тоа, властите ги етикетираат протестите и нивните организатори како „терористи“ и „блокадери“, а акциите ги нарекуваат „шарена револуција“.

Според извештаите на српските медиуми, дел од екстремните групи меѓу демонстрантите, со маски на лицата, започнале физички напади врз полицијата користејќи бакљи, петарди и палици. Во реонот се слушнале и две експлозии.

Големи полициски сили беа распоредени во близина на Ќациленд, каде што се наоѓаат студентите кои сакаат да продолжат со студирање. Тука се одржа манифестацијата „Литературна вечер“, организирана од студентската група Студенти 2.0, со поддршка од владата. Настанот започна во 14 часот, со говор на Драгослав Бокан, а на него присуствуваа и министри од владата – Братислав Гашиќ, Златибор Лончар, Никола Селаковиќ, Александар Вулин и Горан Радосављевиќ Гури. Присутните гледаа филм, по што не беше јасно дали ќе следи дополнителна активност. Просторот беше силно обезбеден со полиција, вклучувајќи и единици опремени за растерување демонстрации.

Официјално беше најавено дека околу 700 припадници на групата блокадери се подготвени да ги нападнат студентите што мирно протестираат во Пионирски парк и кај Андриќев венец.

Според проценките на Министерството за внатрешни работи, на протестот, кој не беше официјално пријавен, присуствувале околу 36.000 луѓе – приближно ист број како на протестот на 22 декември минатата година, но три пати помалку од собирот на 15 март.

Во исто време, додека илјадници студенти протестираа, претседателот Александар Вучиќ објави фотографија од претседателството на која се гледа како игра шах, со коментар „моменти на релаксација“. Со тоа индиректно порача дека, според него, протестите не успеале, и дека т.н. „Шарена револуција“ е пропадната во Србија.

Опозициските функционери изразија разочарување од послабата масовност на протестот, нарекувајќи го неуспешен.

Српските власти веќе неколку дена претходно предупредуваа дека може да дојде до насилства за време на протестите, обвинувајќи конкретни организатори и групи за планирање инциденти. Вучиќ повика на смирување на тензиите и најави дека „правната држава ќе функционира“.

Во својата реакција по протестот, тој изјави дека „студентите победија, а блокадерите изгубија“.

CATEGORIES
TAGS
Share This