ЗАВРШИ ГЛАСАЊЕТО – Ниска излезност од 45,65 проценти
Тој нагласи дека сите избирачки места биле отворени навреме и гласањето поминало без проблеми.

Заврши гласањето на локалните избори во Македонија. Според податоците на Државната изборна комисија, до 18:30 часот излезноста изнесуваше 45,65 проценти, што е помалку од изборите пред четири години, кога беше 49,98 проценти.
Во Скопје гласале 46,64% од избирачите. По општини: Аеродром 45,57%, Бутел 49,70%, Гази Баба 41,97%, Ѓорче Петров 45,09%, Карпош 45,92%, Кисела Вода 46,25%, Сарај 55,20%, Центар 49,41%, Чаир 51,27% и Шуто Оризари 35,33%.
Меѓу општините со највисока излезност се издвојуваат: Дојран 72,88%, Лозово 71,98%, Росоман 71,75% и Чашка 71,63%. Во другите поголеми градови резултатите се следни: Битола 45,76%, Велес 40,06%, Кавадарци 53,33%, Куманово 44,84%, Тетово 46,77% и Струмица 51,54%.
Најниска излезност е забележана во три општини: Центар Жупа 21,30%, Маврово-Ростуше 28,58% и Врапчиште 21,41%.
„Доколку на изборите во една општина не излезе најмалку една третина од гласачите, целата изборна постапка се повторува во рок од 60 дена,“ изјави претседателот на ДИК, Борис Кондарко.
Тој нагласи дека сите избирачки места биле отворени навреме и гласањето поминало без проблеми.


