ЗАРОБУВАЊЕТО НА МАДУРО ПРЕСВРТНА ТОЧКА – Крај на стариот поредок
Американската операција против Мадуро ја покажува слабоста на старите меѓународни правила

Американската операција за апсење на венецуелскиот претседател Николас Мадуро е знак дека старите правила на светскиот поредок полека заминуваат во историјата, пишува „Њујорк Тајмс“. Весникот наведува дека, по апсењето на Мадуро и објавените американски планови за управување со Венецуела, светот се соочува со фактот дека долгогодишните правила што го регулирале меѓународното однесување ја губат својата важност.
Светот сега се наоѓа во период на „радикална неизвесност“, се посочува во анализата, при што како примери се наведуваат: кризата во НАТО, протестите против иранската влада и руското лансирање на нуклеарна ракета во Украина.
„Светот каков што го знаеме се приближува кон крајот. Нешто ново започна“, истакнува весникот.
Дафи Тофт, професор на Правниот факултет „Флечер“ на Универзитетот Тафтс, смета дека постојниот поредок се распаѓа:
„Редот заснован на правила, воспоставен по Втората светска војна, се распаѓа, а најмоќните земји повторно се враќаат кон старите тактики на поделба на сфери на влијание“, изјави Тофт за „Њујорк Тајмс“.
Историчарката и поранешна директорка на колеџот „Свети Антониј“ во Оксфорд, Маргарет Мекмилан, додава дека светот е во транзиција, каде што старите структури се уриваат, а иднината сè уште е неизвесна:
„Можно е ситуацијата наскоро да се стабилизира и да се врати во нова нормалност, но историјата ни покажува дека тоа не треба да го очекуваме. Подобро е да се подготвиме за подолг период на нестабилност“, заклучува Мекмилан.


