ЗАПОЧНУВА ЗИМСКИОТ РАСПУСТ ЗА 250.000 УЧЕНИЦИ – Покачување на платите за наставниците во март

Наставата продолжува од 20 јануари, второто полугодие носи промени во образованието

ЗАПОЧНУВА ЗИМСКИОТ РАСПУСТ ЗА 250.000 УЧЕНИЦИ – Покачување на платите за наставниците во март
Фото: Национал

За околу 250 илјади ученици во основните и средните училишта денеска започнува зимскиот распуст. Учениците на училишните клупи ќе се вратат на 20 јануари 2026 година, кога почнува второто полугодие.

Во вториот дел од учебната 2025/2026 година ќе продолжи процесот на оптимизација на училишната мрежа, како и воведувањето на едносменска настава, која досега е имплементирана во околу 200 училишта.

На крајот од учебната година, во јуни, матурантите ќе ја полагаат државната матура според нов концепт, прилагоден на видот на образованието.

Во меѓувреме, наставниците во март се очекува да добијат зголемување на платите во износ од 7,5 до 10 проценти.

CATEGORIES
TAGS
Share This