ЗАПОЧНУВА НОВОТО СВЕТСКО КЛУПСКО ПРВЕНСТВО ВО ФУДБАЛ – Еве го распоредот

Клупскиот Мундијал ќе се одржи од 15 јуни до 13 јули во 11 градови во САД.

ЗАПОЧНУВА НОВОТО СВЕТСКО КЛУПСКО ПРВЕНСТВО ВО ФУДБАЛ – Еве го распоредот
Фото: Википедиа

Натпреварот помеѓу египетскиот Ал Ахли и американскиот Интер Мајами, кој ќе се игра во 2 часот по полноќ од сабота кон недела на стадионот во Мајами, ќе означи почеток на првото Светско клупско првенство во новиот формат со 32 учесници.

Клупскиот Мундијал ќе се одржи од 15 јуни до 13 јули во 11 градови во САД. Турнирот ќе се игра во осум групи со по четири клуба, при што најдобрите два тима од секоја група ќе продолжат во нокаут фазата. За да привлече врвни европски клубови по долгата и исцрпувачка сезона, ФИФА обезбеди рекорден награден фонд од една милијарда долари.

Клубовите ќе добијат награди само за учество според континенталната припадност:

  • Океанија – 3,58 милиони долари

  • Африка, Азија, Северна Америка – 9,55 милиони долари

  • Јужна Америка – 15,21 милион долари

  • Европа – од 12,81 до 38,19 милиони долари

За резултати во групната фаза: нерешено носи 1 милион долари, а победа 2 милиони долари.


Во нокаут фазата клубовите добиваат:

  • Осминафинале – 7,5 милиони долари

  • Четвртфинале – 13,1 милиони долари

  • Полуфинале – 21 милион долари

  • Финале – 30 милиони долари

Победникот на турнирот ќе освои дополнителни 40 милиони долари.

Распоред на натпревари:

Група А

1. коло, 15 и 16 јуни

Ал Ахли – Интер Мајами (15 јуни, 2 часот)
Палмеирас – Порто (16 јуни, полноќ)

2. коло, 19 јуни

Палмеирас – Ал Ахли (18:00 часот)
Интер Мајами – Порто (21:00 часот)

3. коло, 24 јуни

Интер Мајами – Палмеирас (3 часот)
Порто – Ал Ахли (3 часот)

Група Б

1. коло, 15 и 16 јуни

ПСЖ – Атлетико Мадрид (15 јуни, 21:00 часот)
Ботафого – Сиетл (16 јуни, 16:00 часот)

2. коло, 20 јуни

Сиетл – Атлетико Мадрид (полноќ)
ПСЖ – Ботафого (3 часа)

3. коло, 23 јуни

Атлетико Мадрид – Ботафого ( 21часот)
Сиетл – ПСЖ (21:00 часот)

Група Ц

1. коло, 15 и 17 јуни

Баерн – Окленд Сити (15 јуни, 18:00 часот)
Бока Јуниорс – Бенфика (17 јуни, полноќ)

2. коло, 20 и 21 јуни

Бенфика – Окленд Сити (20 јуни, 18:00 часот)
Баерн – Бока Јуниорс (21 јуни, 15:00 часот)

3. коло, 24 јуни

Бенфика – Баерн (21:00 часот)
Окленд Сити – Бока Јуниорс (21:00 часот)

Група Д

1. коло, 16 и 17 јуни

Челзи – Лос Анџелес (16 јуни, 21 часот)
Фламенго – Есперанс (17 јуни, 3 часот)

2. коло, 20 и 21 јуни

Фламенго – Челзи (20 јуни, 20 часот)
Лос Анџелес – Есперанс (21 јуни, полноќ)

3. коло, 25 јуни

Есперанс : Челзи (3 часот)
Лос Анџелес: Фламенго (3 часот)

Група Е

1. коло, 17 и 18 јуни

Ривер Плата – Урава Редс (17 јуни, 21 часот)
Монтере -: Интер (18 јуни, 15 часот)

2. коло, 21 и 22 јуни

Интер – Урава Редс (21 јуни, 21 часот)
Ривер Плата – Монтереј (22 јуни, 3 часот)

3. коло, 26 јуни

Интер – Ривер Плата (3 часот)
Урава Редс – Монтереј (3 часот)

Група Ф

1. коло, 17 и 18 јуни

Флуминензе – Борусија Дортмунд (17 јуни, 18 часот)
Улсан: Сандаунс (18 јуни, полноќ)

2. коло, 21 и 22 јуни

Сандаунс – Борусија Дортмунд (21 јуни, 18 часот)
Флуминензе: Улсан (22 јуни, полноќ)

3. коло, 25 јуни

Борусија Дортмунд – Улсан (21 часот)
Сандаунс – Флуминензе (21 часот)

Група Г

1. коло, 18 и 19 јуни

Манчестер Сити – Видад Казабланка (18 јуни, 18 часот)
Ал Аин – Јувентус (19 јуни, 3 часот)

2. коло, 22 и 23 јуни

Јувентус – Видад Казабланка (22 јуни, 18 часот)
Манчестер Сити – Ал Аин (23 јуни, 15 часот)

3. коло, 26 јуни

Јувентус – Манчестер Сити (21 часот)
Видад Казабланка – Ал Аин (21 часот)

Група Х

1. коло, 18 и 19 јуни

Реал Мадрид – Ал Хилал (18 јуни, 21 часот)
Пачука – Салцбург (19 јуни, полноќ)

2. коло, 22 и 23 јуни

Реал Мадрид – Пачука (јуни 22, 21 часот)
Салцбург – Ал Хилал (23 јуни, полноќ)

3-то коло, 27 јуни

Салцбург – Реал Мадрид (3 часот)
Ал Хилал – Пачука (3 часот)

CATEGORIES
TAGS
Share This