ЗАПОЧНУВА „ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ“ ВО БИТОЛА, свеченото отворање со легендарното „Комитско“
Свеченото отворање ќе биде проследено со традиционално дефиле низ битолските улици со учество на играорци од Македонија и од странство – Полска, Мексико, Хрватска, Индонезија, Грузија и за првпат, Швајцарија.

Вечерва во Битола започнува јубилејното 55. издание на фестивалот „Илинденски денови“, со изведба на легендарното оро „Комитско“ од КУД „Илинден“.
Свеченото отворање ќе биде проследено со традиционално дефиле низ битолските улици со учество на играорци од Македонија и од странство – Полска, Мексико, Хрватска, Индонезија, Грузија и за првпат, Швајцарија.
Фестивалот е препознаен како респектабилна меѓународна сцена на традиционална култура, истакна уметничкиот раководител м-р Валентин Соклевски.
Манифестацијата почна на 18 јули со едукативни содржини, а продолжува со вечери на традиционална, староградска и интернационална музика и игра на платото пред Офицерскиот дом.
На првата вечер, покрај странските ансамбли, ќе настапат: Универзитетскиот ансамбл „Македонија“, КУД „Русалии“, фолклорниот ансамбл „Китка“ и КУД „Илинден“.


