ЗАПОЧНА ГОЛЕМАТА АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА СКОПЈЕ Во следните 72 часа градот добива нов сјај

Во акцијата учествуваат екипи од сите јавни претпријатија со механизација, камиони и цистерни за целосно расчистување на улиците и јавните површини.

ЗАПОЧНА ГОЛЕМАТА АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА СКОПЈЕ Во следните 72 часа градот добива нов сјај
Фото: Принтскрин

Започна големата акција за чистење на главниот град – во следните 72 часа се очекува Скопје да добие нов, почист и поуреден изглед. Во акцијата се вклучени екипи од јавните претпријатија со целата расположлива механизација, камиони и цистерни, кои ќе работат на расчистување на улиците, парковите и јавните површини низ сите општини.

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски порача дека целта е метрополата повторно да ја добие својата свежина и достоинствен изглед.

„Секој агол, секоја улица и секој плоштад ќе бидат опфатени. Скопје ќе блесне чисто и уредено, токму како што заслужуваат неговите граѓани,“ изјави Ѓорѓиевски.

Акцијата се спроведува во координација со општинските служби и со поддршка од повеќе комунални тимови, како дел од пошироките мерки за подобрување на јавната хигиена и подигање на стандардот на одржување на градските површини.

CATEGORIES
Share This