ЗАКОНСКА РАЗЛИКА МЕЃУ ИНТЕРНЕТ ПОРТАЛИТЕ Големите портали со минимум двајца вработени а мали портали со миниму еден вработен и еден хонорарец

Амандманот на Предлог законот  што беше усвоен денеска на седница на собраниската Комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање предвидува, наместо тројца како што беше првичната верзија, ќе се бара минимум двајца вработени во „големите“ интернет портали, а еден вработен и едeн хонорарец во малите интернет портали

ЗАКОНСКА РАЗЛИКА МЕЃУ ИНТЕРНЕТ ПОРТАЛИТЕ Големите портали со минимум двајца вработени а мали портали со миниму еден вработен и еден хонорарец

Измена во насока на олеснување на првичните услови што се предвидуваа во Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за медиуми за регистрација на интернет портали.

Амандманот на Предлог законот  што беше усвоен денеска на седница на собраниската Комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање предвидува, наместо тројца како што беше првичната верзија, ќе се бара минимум двајца вработени во „големите“ интернет портали, а еден вработен и едeн хонорарец во малите интернет портали. Измените се со цел да се направи дистинкција помеѓу онлајн медиуми-интернет портали кои публикуваат информативни, образовни и забавни содржини кои  публикуваат различни содржини, и во различен формат, заради што во суштина се разликува структурата и бројот на вработени, односно ангажирани лица.

Комисијата одлучи Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми во второ читање да се проследи во натамошна собраниска постапка. Членовите на Комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање го разгледаа и Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за градење во второ читање.

CATEGORIES
Share This