ЗАКОНОТ УДРИ ВО 5 ЧАСОТ НАУТРО Рушење на бесправен објект во Гази Баба

Акцијата почна во 05:00 часот со асистенција на МВР, откако инвеститорот ги игнорирал сите забрани

ЗАКОНОТ УДРИ ВО 5 ЧАСОТ НАУТРО Рушење на бесправен објект во Гази Баба
Фото: Принтскрин

Општина Гази Баба рано изутринава започна акција за уривање на бесправно изграден објект во населбата Инџиково. Како што информира градоначалникот Бобан Стефковски, интервенцијата почнала во 05:00 часот, по претходна координација со Министерството за внатрешни работи.

Станува збор за објект во карабина-фаза, изграден во приземје, со јасна намера за надградба на уште еден кат, и покрај изречените забрани од надлежните институции.

„И покрај донесеното решение од градежниот инспектор за стопирање на градбата и затворање на градилиштето, инвеститорот не постапил по истото и продолжил со градежни активности“, изјави Стефковски.

Градоначалникот упати апел до граѓаните да не започнуваат градби без соодветна документација, потенцирајќи дека законите ќе се применуваат доследно и еднакво за сите.

CATEGORIES
Share This