ЗАХАРОВА ЖЕСТОКО КОН МАРК РУТЕ – НАТО претставниците се неписмени

ЗАХАРОВА ЖЕСТОКО КОН МАРК РУТЕ – НАТО претставниците се неписмени

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, остро одговори на критиките од генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, кој ја обвини Русија дека не испратила „сериозна делегација“ на мировните преговори со Украина во Истанбул.

„Руте го нарече нашиот тим несериозен затоа што, според него, го предводел ‘некој историчар’. Потсетувам дека Владимир Медински не е ‘некој’, туку признат експерт по меѓународни односи, научник и државен функционер,“ изјави Захарова, пренесува „Руска газета“.

Таа иронично забележа дека украинската делегација, која Руте ја оцени како „сериозна“, била предводена од министерот за одбрана Рустем Умеров, „кој не служел ниту еден ден во војска, а кариерата ја градел како менаџер во телефонска компанија.“

Според Захарова, ваквите изјави само ја откриваат „неписменоста на НАТО-структурите“, кои, како што рече, „веќе предизвикале бројни трагедии во светот.“

Во понеделникот, Руте го повика рускиот претседател Владимир Путин „сериозно да ја разгледа“ иницијативата на американскиот претседател Доналд Трамп, кој ѝ се закани на Русија со царини ако војната во Украина не се реши во рок од 50 дена. Во тој контекст, Руте ја омаловажи руската делегација, тврдејќи дека наместо вистински преговарачи, Москва испратила „некој што раскажувал за историјата на Русија од 1250 година.“

Захарова заврши со пораката дека „без разбирање на историјата, ниеден конфликт не може да се реши – само да се продлабочи.“

CATEGORIES
TAGS
Share This