ЗАГИНАТИОТ ВЕЛОСИПЕДИСТ Е ЈОРГО ЌУКА – Возачот фатен по бекството
Јорго Ќука, долгогодишен директор на индустрискиот гигант Охис, починал на местото на несреќата.

Фото: Принтскрин
МВР денеска соопшти дека патничко возило „пасат“ со скопски регистерски ознаки удрило во велосипед управуван од Ј. Ќ. (78) од Скопје, кој на местото на настанот починал од здобиените повреди.
Според информации на „Национал“, починатото лице е Јорго Ќука, долгогодишен директор на индустрискиот гигант Охис.
Несреќата се случила попладнево на булеварот „Илинден“ кога автомобилот удрил во велосипедот на Ќука.
Возачот, кој побегнал од местото на настанот, подоцна бил приведен од полицијата.
CATEGORIES Македонија


