ЗАГИНА ДИРЕКТОРОТ НА СИМЕНС СО СЕМЕЈСТВОТО Последната фотка пред фаталниот лет од хелидромот на Волстрит

Страшна хеликоптерска несреќа се случи во САД во која загина директорот на познатата компанија „Сименс“ Агустин Ескобар, неговите три деца на возраст од 4, 5 и 11 години, сопругата Мерси Камбруби Монтал како и пилотот на хеликоптерот.

Семејството претходно пристигнало во Њујорк од Барселона, Шпанија. Леталото тргна од хелиодромот на Волстрит и кружеше во близина на Статуата на слободата пред да прелета над реката Хадсон до мостот Џорџ Вашингтон, на околу 1.000 стапки од земјата. Бил во воздух околу 16 минути пред да се урне.

На социјалните мрежи се појави фотографии од семејството кое се фотографирало пред фаталниот лет и во внатрешноста на леталото пред неговото уривање во реката Хадсон.

Причините за уривањето се уште не се познати. Можна причина за која се шпекулира е дека на леталото му снемало гориво.

Компанијата што се занимавала со изнајмување на хеликоптери претходно била вклучена во два безбедносни инциденти кои ги истражувале американските федерални воздухопловни власти. Во однос на моделот на хеликоптерот на два наврати во 2022 и 2023 година биле издавани препораки за соодвено тестирање и можна замена на одредени делови поради сериозни безбедносни инциденти нa леталото.

CATEGORIES
TAGS
Share This