ЗАФАТ ВО МРЕЖАТА НА ЕЛЕКТРОДИСТРИБУЦИЈА Дел од Кисела Вода денеска без струја

Дел од корисниците на улица „368“ број 3 во општина Кисела Вода денеска ќе останат без електрична енергија во периодот од 9 до 11 часот.
Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот во снабдувањето со струја е поради изведување технички зафати во електродистрибутивната мрежа.
Од надлежните апелираат на разбирање кај граѓаните и посочуваат дека струјата ќе биде вратена веднаш по завршување на работните активности.
CATEGORIES Македонија


