ЗАФАТ НА ВОДОВОДНАТА МРЕЖА Делови од Карпош и Кисела Вода без вода

ЗАФАТ НА ВОДОВОДНАТА МРЕЖА Делови од Карпош и Кисела Вода без вода

Поради планирани зафати и санации на водоводната инфраструктура, денес (30 декември 2025 година) ќе има привремени прекини во снабдувањето со вода во делови од општините Карпош и Кисела Вода, информираат надлежните служби.

Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје соопштуваат дека интервенциите се неопходни за отстранување дефекти и подобрување на функционалноста на мрежата. Во општина Карпош, поради поправка на подземен водоводен вод на улицата „Нобелова“, во близина на раскрсницата со улицата „Хелсинки“, од 9 часот наутро водоснабдувањето ќе биде прекинато за жителите на „Нобелова“ и „Виенска“, како и за делови од улиците „Хелсинки“ и „Лондонска“. Снабдувањето ќе биде воспоставено по целосно завршување на интервенцијата.

Прекин на водата е најавен и во општина Кисела Вода, каде што поради изведување нов приклучок на водоводната мрежа на улицата „Жил Верн“ број 10, од 10 часот ќе останат без вода корисниците на улиците „Жил Верн“ и „Есенинова“. И во овој случај, водоснабдувањето ќе се нормализира веднаш по завршувањето на работните активности.

Од Регионалниот центар за управување со кризи апелираат граѓаните навреме да се информираат и да ги приспособат своите дневни обврски, додавајќи дека станува збор за планирани активности со цел подобрување на стабилноста на водоводниот систем.

CATEGORIES
Share This