ЗАЕВ И ФИЛИПЧЕ ТРИ ПАТИ ПОСКАПО ПРЕПРОДАВАЛЕ ЈАГЛЕН НА ЕСМ Граѓаните плаќале повисоки сметки за струја

Зоран Заев, Вице Заев и Венко Филипче, за да можат да се богатат врз грбот на граѓаните  креирале  мрежа на фирми и посредници за ископ, транспорт и продажба на јаглен од Грција на ЕСМ.

ЗАЕВ И ФИЛИПЧЕ ТРИ ПАТИ ПОСКАПО ПРЕПРОДАВАЛЕ ЈАГЛЕН НА ЕСМ Граѓаните плаќале повисоки сметки за струја
Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Венко Филипче трет ден молчи за испумпувањето на десетици милиони евра од ЕСМ од страна на Вице Заев и фирми кои водат лично до него.

Вице Заев, Зоран Заев и Венко Филипче се директно виновни што струјата во нивно време се покачи за над 50%.

Фирми блиски до Заев и Филипче препродавале јаглен на ЕСМ за три пати поскапо од набавеното.

Зоран Заев, Вице Заев и Венко Филипче, за да можат да се богатат врз грбот на граѓаните  креирале  мрежа на фирми и посредници за ископ, транспорт и продажба на јаглен од Грција на ЕСМ.

Грчкиот јаглен горел во Македонија а профитот завршил кај Вице Заев во Бугарија.

Јагленот кој од Грција се продавал кон мрежата на фирми за 30 евра бил препродаван во Македонија на ЕСМ по цена и до 82.5 евра.

Додека кланот Заеви продавале скап јаглен на ЕСМ,  Филипче уживал во придобивките на милионските бизниси.

Одговорност за овој милионски скандал мора да има, а ЈО да отвори истрага – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

CATEGORIES
Share This