ЗА ОБВИНИТЕЛСТВОТО ПУЛС БИЛ СМРТОНОСНА СТАПИЦА 37 обвинети не се согласуваат и никој не признава вина

ако дел од обвинетите изразија сочувство кон семејствата на жртвите, ниту еден не призна вина, што најавува долг и сложен судски процес.

ЗА ОБВИНИТЕЛСТВОТО ПУЛС БИЛ СМРТОНОСНА СТАПИЦА 37 обвинети не се согласуваат и никој не признава вина
Фото: Национал

Сите 37 обвинети меѓу кои сопственици на локалот, инспектори, поранешни градоначалници и други службени лица во случајот за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде што загинаа 63 лица, денеска пред Судот изјавија дека не се чувствуваат виновни за делото „тешки дела против општата сигурност“.

Иако дел од обвинетите изразија сочувство кон семејствата на жртвите, ниту еден не призна вина, што најавува долг и сложен судски процес.

Обвинителството останува на ставот дека доказите ќе покажат дека клубот бил „смртоносна стапица“ создадена поради години институционален молк и негрижа.

Според клучните наоди на Обвинителството: Објектот работел незаконски повеќе од 10 години, не постоел противпожарен систем, биле користени токсични материјали кои при пожар ослободиле смртоносни гасови и бил дозволен неконтролиран влез на над 600 гости.

Судењето, под водство на судијката Диана Груевска Илиевска, се одвива под засилени безбедносни мерки.

CATEGORIES
TAGS
Share This