ЗА ХАЈРЕДИНИ ТАРАВАРИ Е СОМНИТЕЛЕН Никој друг освен Таравари не рекол дека Мицкоски е најдобар за Албанците

Коментарите на Хајредини доаѓаат во контекст на зголемени политички турбуленции и прегрупирања на албанскиот политички блок по парламентарните избори.

ЗА ХАЈРЕДИНИ ТАРАВАРИ Е СОМНИТЕЛЕН Никој друг освен Таравари не рекол дека Мицкоски е најдобар за Албанците

Пензионираниот поранешен министер за финансии и активен коментатор на социјалните мрежи, Џевдет Хајредини, ја коментираше одлуката на Арбен Таравари да ја напушти владината коалиција, оценувајќи ја како нејасна и сомнителна.

Во објава на Фејсбук, Хајредини посочи дека не му е веродостојно објаснувањето дека Таравари си заминува поради незадоволени албански прашања или од желба да се „врати кај народот“. „Вистинската причина зошто Таравари го напушти ВЛЕН останува енигматична и сомнителна“, напиша Хајредини.

Тој воедно се осврна и на пофалбите што Таравари му ги упати на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Никој друг, освен Таравари, не рекол дека Мицкоски е најдобриот премиер досега за Албанците. Познато е само дека за Али Ахмети, поради амнестијата, најдобар беше Никола Груевски, кого додека беше на власт сакаше да го врати како лидер на ВМРО“, напиша Хајредини.

Коментарите на Хајредини доаѓаат во контекст на зголемени политички турбуленции и прегрупирања на албанскиот политички блок по парламентарните избори.

CATEGORIES
TAGS
Share This