ЗА ЧЕТВРТИОТ КВАРТАЛ ИСПЛАТЕН ПОВРАТ ОД МОЈ ДДВ – Над половина милион корисници добија пари

Исплатени се 917.518.916 денари за четвртиот квартал од 2025 година, соопшти Управата за јавни приходи.

ЗА ЧЕТВРТИОТ КВАРТАЛ ИСПЛАТЕН ПОВРАТ ОД МОЈ ДДВ – Над половина милион корисници добија пари
Фото: Принтскрин

Управата за јавни приходи соопшти дека преку апликацијата „МојДДВ“ за четвртиот квартал од 2025 година се исплатени вкупно 917.518.916 денари на 521.263 граѓани за скенирани фискални сметки.

Од институцијата посочуваат дека овие средства претставуваат директна финансиска поддршка за граѓаните, која се враќа во нивните семејни буџети, но и доказ дека јавноста активно учествува во создавањето на фер и транспарентен даночен систем.

Исплатата е реализирана во согласност со законскиот рок од 60 дена по завршување на кварталот.

Во текот на исплатата, утврдено е дека 4.966 корисници имаат внесено неточна трансакциска сметка, поради што средствата засега не можат да им бидат префрлени.

Од Управата апелираат до граѓаните кои сè уште не добиле поврат на средства да ги проверат и ажурираат податоците за својата трансакциска сметка директно во апликацијата „МојДДВ“, за да се овозможи навремена исплата.

Од институцијата додаваат дека остануваат посветени на транспарентно информирање на јавноста и на подобрување на услугите за граѓаните.

CATEGORIES
TAGS
Share This