WOLT ЈА СТАРТУВА ЗИМСКАТА КАМПАЊА – Попусти до 50% за корисниците
Попусти во повеќе одбрани ресторани и продавници во следните три седмици

Водечката платформа за достава Wolt ја стартуваше новата зимска промотивна акција „Зима на Wolt+“, наменета за тековните и новите претплатници на Wolt+. Во наредните три седмици, корисниците на Wolt+ ќе имаат можност да остварат попусти и до 50% на нарачки од селектирани ресторани и продавници во Скопје.
За да се искористат попустите, потребниот минимален износ за нарачка од ресторани изнесува 350 денари, додека за продавници е 600 денари. Новите корисници добиваат и 30-дневен бесплатен пробен период, по кој месечната претплата чини 199 денари, а годишната 1799 денари.
Претплатниците на Wolt+ уживаат и дополнителни придобивки, меѓу кои:
– 30% намалување на надоместокот за услуга
– 5% попуст за нарачки со лично подигнување
= бесплатна достава
Членството може да биде прекинато во секое време, без казни и скриени трошоци.
Кампањата вклучува широк спектар соработници, меѓу кои омилените KFC, Dominos, Mamma Italiana, Bon Tacos, Fitness House и Vega Fresh Bar, како и продавници како Mi-Store (ГТЦ), Proteini.si Shop и маркетите Рептил. Попустите важат само за претплатниците на Wolt+ и само во рамките на промотивниот период.
Од своето активирање во 2021 година, програмата Wolt+ обединува повеќе од еден милион членови низ 20 земји и им заштедила на корисниците над 200 милиони евра. Повеќе од 200.000 партнери – ресторани и продавници се дел од платформата.
„Дигиталните услуги за достава се веќе составен дел од секојдневието, заштедувајќи време и пари. Со Wolt+ на корисниците им овозможуваме уште попрактично искуство со пониски трошоци. Најмногу добиваат нашите најлојални клиенти и оние што нарачуваат повремено. Истовремено, партнерите забележуваат раст на нарачките откако започнавме со програмата“, изјави Ѓорѓе Давидовиќ, генерален директор за Србија и Северна Македонија.


