WHATSAPP ОСТАНУВА БЕСПЛАТЕН – Но со премиум опции со плаќање за оние што сакаат повеќе
Управување со разговорите и до 20 зачувани разговори на врвот на листата.

WhatsApp тестира нова претплатничка услуга наречена WhatsApp Plus, која ќе овозможи дополнителни функции недостапни во стандардната верзија на апликацијата.
Основната верзија на WhatsApp ќе остане бесплатна, но премиум пакетот ќе донесе повеќе опции за персонализација и управување со разговорите. Засега не е познато кога услугата ќе биде достапна и колкава ќе биде нејзината цена.
Една од најинтересните новини е поголемите можности за прилагодување на апликацијата и корисниците ќе можат да менуваат теми, бои на интерфејсот и дури и иконата на апликацијата, со избор од повеќе дизајни.
Премиум корисниците исто така ќе можат да закачат до 20 разговори на врвот од листата, наместо сегашното ограничување од три, што ќе им овозможи полесно да ги следат најважните разговори.
Дополнително, услугата ќе понуди ексклузивни тонови за повици и известувања, кои ќе помогнат повиците од WhatsApp да се разликуваат од другите апликации.
Основната верзија на WhatsApp останува бесплатна, а премиум претплатата е наменета само за оние кои сакаат дополнителни функции и поголема контрола врз изгледот и користењето на апликацијата.
Засега нема официјални информации за глобалната достапност на услугата ниту за нејзината месечна цена.


