ВУЧИЌ УДРИ ДИРЕКТНО – Ќе ја разбијам криминалната банда што сака да ја уништи Србија

Претседателот тврди дека обвинението за Генералштабот е дел од обид за ослабување на државата.

ВУЧИЌ УДРИ ДИРЕКТНО – Ќе ја разбијам криминалната банда што сака да ја уништи Србија
Фото: Принтскрин

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, преку својот Инстаграм профил одговори на новинарско прашање поврзано со, како што вели, прогонот и харангата што се водат против него и неговото семејство – притисоци за кои тврди дека се без преседан во Србија.

Осврнувајќи се на обвинението поврзано со Генералштабот, кое, според неговите зборови, е напишано на 116 страници, Вучиќ објасни зошто смета дека токму тој случај би можел да стане „круна на неговата кариера“.

„Тоа навистина би била круната на мојата кариера, бидејќи на најасен начин би покажало како земјата се распаѓала, како била ограбувана и што ѝ било правено со години преку медиумски платформи и организирање различни политички структури“ – изјави Вучиќ.

Тој нагласи дека не верува дека во Србија, па и пошироко, постои личност која била изложена на таков интензитет на прогон и јавна харанга како што, според него, се случува во неговиот случај.

„Тогаш луѓето ќе разберат за што навистина станува збор. Не ме обвинуваат затоа што сум криминалец или затоа што сум украл нешто. Не ме прогонуваат затоа што сум ѝ наштетил на Србија, туку затоа што некој однадвор наредил тоа да се направи“ – рече претседателот.

Вучиќ додаде дека, според него, целта е преку негово „кршење“ да се ослаби и уништи државата.

„Во тоа нема да успеете. Никогаш нема да се повикам на имунитет. Ќе победам и ќе ја разбијам таа криминална банда што мислеше дека може да ја уништи државата Србија“ – порача Вучиќ.

CATEGORIES
TAGS
Share This