ВУЧИЌ СЕ ПОЖАЛИ – Ниту една ТВ не е на моја страна, сите се против мене
Во Србија, медиумите се насочени против мене, додека во регионот ситуацијата е поинаква

Фото: Принтскрин
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, како гостин во емисијата на HitTwit, истакна дека и телевизијата Хепи одамна е на „другата страна“.
„Може да се забележи дека немаат аргументи. Сето тоа е финансирано однадвор. Огромни суми пари влегуваат во земјата, а тие имаат огромна медиумска моќ. Немате медиуми против Пленковиќ или Беќировиќ. Кои медиуми се против Спајиќ и Милатовиќ во Црна Гора? Во Србија, пак, имате само медиуми против мене, а тука постојат многу моќни медиумски платформи. Тоа се, на пример, РТС и Хепи, која одамна премина на другата страна. Пинк објавува вести, но нема политичка програма – рече Вучиќ.
CATEGORIES Свет
TAGS Топ вест


