ВУЧИЌ ОТКРИ – Еве за колку МОЛ купи 56% од НИС
Причината зошто НИС не беше продаден на Србија останува доверлива заштита на државните интереси

Фото: Принтскрин
Српскиот претседател Александар Вучиќ откри дека приближно се знае за која цена компанијата МОЛ ја купила нафтната индустрија на Србија (НИС).
Според него, 56 проценти од сопственоста на НИС се продадени за износ меѓу 900 милиони и 1 милијарда евра.
„Ние бевме подготвени да платиме повеќе“ – рече Вучиќ.
На прашањето зошто НИС не е продаден на Србија, претседателот одговори дека не може да зборува за тоа, бидејќи тоа би ги загрозило интересите на државата.
Вучиќ исто така предупреди дека, ако Србија не инвестира во енергетската инфраструктура, во 2035 година нема да ја има потребната енергетска самостојност.
CATEGORIES Бизнис
TAGS Топ вест

