ВУЧИЌ ОБЈАВИ ФОТОГРАФИЈА СО ДАЧИЌ – Ивица ја напушти болницата, од следната недела назад на работа

Српскиот претседател на Инстаграм објави фотографија со лидерот на социјалистите, кој денеска беше пуштен од болница.

ВУЧИЌ ОБЈАВИ ФОТОГРАФИЈА СО ДАЧИЌ – Ивица ја напушти болницата, од следната недела назад на работа
Фото: Принтскрин

Српскиот претседател Александар Вучиќ на својот Инстаграм профил објави фотографија со Ивица Дачиќ, кој денеска е пуштен од болница.

– Ивица штотуку ја напушти болницата. Благодарен сум на лекарите што направија вистинско чудо и среќен сум за него и неговото семејство, кои денес слават живот и голема победа. Никој нека не се лути,  тој е социјалист, јас не сум, па затоа му благодарам на Бога, напиша Вучиќ.

Тој во објавата додаде и дека Дачиќ наскоро ќе се врати на редовните обврски.

„П.С. Од следната недела ќе мора да ми се придружи во работата – крај на мрзеливоста“ – додаде српскиот претседател.

CATEGORIES
Share This