ВТОРА ЛИКВИДАЦИЈА ЗА ПОМАЛКУ ОД ЕДНА ГОДИНА – И новиот шеф на разузнавањето убиен како и неговиот претходник

Во денешните воздушни напади врз Техеран, Иранската револуционерната гарда изгуби уште еден лидер.

ВТОРА ЛИКВИДАЦИЈА ЗА ПОМАЛКУ ОД ЕДНА ГОДИНА – И новиот шеф на разузнавањето убиен како и неговиот претходник
Фото: Принтскрин

Шефот на иранската Револуционерна гарда, генерал-мајор Маџид Хадеми, беше убиен денес во напад, за кој Гарда ги обвини САД и Израел. Ова е вториот врвни лидер на иранското разузнавање кој е убиен за помалку од една година. Хадеми ја наследи позицијата од генералот Мохамад Каземи, кој беше убиен од Израел за време на 12-дневната војна во јуни 2025 година.

Не е јасно каде точно бил убиен Хадеми, но рано утрово повеќе воздушни напади погодија станбени области во и околу Техеран.

Разузнавачката служба на Револуционерната гарда има многу широки овластувања во Иран и го известува исклучиво врховниот лидер на земјата.

CATEGORIES
Share This