ВТОРА ГРУПА ГРАЃАНИ ОД ОАЕ ПРИСТИГНА ВО СКОПЈЕ – Денеска уште едан група

Евакуацијата беше организирана од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, а трошоците ги покри државата.

ВТОРА ГРУПА ГРАЃАНИ ОД ОАЕ ПРИСТИГНА ВО СКОПЈЕ – Денеска уште едан група
Фото: Принтскрин

Синоќа на Меѓународниот аеродром во Скопје пристигна втората група граѓани кои безбедно ја напуштија територијата на Обединетите Арапски Емирати со лет од Дубаи.

Во авионот имало вкупно 150 патници, меѓу кои 125 македонски државјани. Меѓу евакуираните има и 7 државјани на Србија, 11 од Косово, 2 од Босна и Херцеговина, 2 од Албанија, како и по еден државјанин од Германија, Ерменија и Црна Гора.

Летот беше организиран од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, во координација со надлежните институции и согласно претходно утврден план. Трошоците за неговата реализација целосно ги покри државата.

Според најавите, денеска во Приштина треба да пристигне и третата група граѓани, за кои е предвидено полетување од Ријад, во Кралството Саудиска Арабија.

CATEGORIES
Share This