ВТОР КРУГ ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ – Победничка вечер за ВМРО-ДПМНЕ, народот одлучи
По преброени над 96% од гласовите, ВМРО-ДПМНЕ е во водство во Скопје и 21 општина низ државата, додека коалицијата ВРЕДИ води во 4, СДСМ во 3, НАИ и ЗНАМ имаат по една општина.

ВМРО-ДПМНЕ пред убедлива победа во 21 општина, ВРЕДИ во 4, СДСМ во 3, НАИ и ЗНАМ по една, Унијата на Роми води во Шуто Оризари
Според првичните резултати објавени од Државната изборна комисија (ДИК), по обработени 96,94% од гласачките места, кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ имаат водство во Град Скопје и во уште 21 општина. Коалицијата ВРЕДИ води во четири општини, СДСМ во три, додека Националната алијанса за интеграција (НАИ) и движењето ЗНАМ имаат водство по една општина. Унијата на Роми е во водство во Шуто Оризари, а независен кандидат води во Струга.
Според досегашните резултати, ВМРО-ДПМНЕ има предност во:
Скопје, Аеродром, Валандово, Виница, Дебарца, Демир Капија, Дојран, Долнени, Карпош, Кичево, Конче, Кочани, Крушево, Лозово, Македонски Брод, Неготино, Могила, Пробиштип, Ранковце, Росоман, Чешиново-Облешево и Чучер Сандево.
Коалицијата ВРЕДИ води во Тетово, Боговиње, Дебар и Долнени, додека кандидатите на СДСМ имаат водство во Центар, Македонска Каменица и Зрновци.
НАИ води во Студеничани, а ЗНАМ во Куманово.
Во Шуто Оризари води кандидатот на Унијата на Роми, додека во Струга предност има независниот кандидат Менди Ќура.
Гласањето во вториот круг се одвиваше во 32 општини и во Град Скопје, а првичните резултати најавуваат убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ во најголем дел од општините.


