ВРЕМЕТО ЗА ВИКЕНДОТ Денес, облачно со повремени врнежи, утре стабилизација на времето и сонце
Максималната температура ќе се движи од 18 до 26 Целзиусови степени.

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно, особено во западните делови од земјата каде се очекува повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, а долж Повардарието ветерот ќе биде поизразен.
Во Скопје, денот ќе започне со променлива облачност, а попладне во делови од котлината постојат услови за појава на слаб дожд. Ветерот ќе биде слаб до умерен, претежно од северен правец.
Според прогнозите, утре се очекува стабилизирање на времето. Денот ќе биде претежно сончев и релативно топол, со мала до умерена облачност. Попладневните часови носат можност за изолирана појава на слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец, поизразен во западниот дел на земјата.
Максималната температура ќе се движи од 18 до 26 Целзиусови степени.


