ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА Студено утро, сончев ден

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА Студено утро, сончев ден

Утрово земјава се разбуди со значително пониски температури од вообичаеното за овој период од годината, но до пладне времето ќе се стабилизира и ќе донесе сончеви часови со пријатни услови за престој на отворено. Се очекува мала до умерена облачност во одделни региони, додека ветерот ќе биде слаб и ќе дува претежно од северозападен правец. Минималните температури се движеа од –3 до 5 степени, а максималните ќе се искачат меѓу 14 и 20 степени.

Во Скопје денот ќе протече под влијание на сончеви периоди проследени со повремени облаци. Ќе дува слаб ветер од север, а температурите ќе се движат од утринските 2 до дневните 16 степени.

Според прогнозите за наредните денови, очекува насерија стабилни и суви утрини со свежина, а во некои котлини и можност за појава на краткотрајна магла. Преку ден ќе доминира сончево време со изменлива облачност, додека дневните температури ќе останат во рамките на денешните вредности.

CATEGORIES
Share This